Тешко е да се прераскаже – треба да се доживее вардаровото лудило во „вулканот“ (ВИДЕО)

298
Фото: РК Вардар

Вардар после тешка битка синоќа беше поразен од Нант со минимални 32-33 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони. Македонскиот првак одигра одличен натпревар, кој воедно беше прв пред своите фанови после четиригодишната апстиненција од најсилното европско клупско натпреварување.

Атмосферата беше чиста десетка. Трибините беа исполнети до последното место, вулканот „Јане Сандански“ еруптираше. Натпреварите во Лигата на шампиони навистина се уникатно доживување кога игра Вардар и тоа од првата до последната минута.

За вчерашната вечер допрва ќе се зборува, сите кои беа во сала уживаа…штета што на крајот фештата не беше комплетна.

ЕХФ на своите социјални мрежи сподели неколку видео-записи обидувајќи се да ја долови атмосферата која дефинитивно е тешко да се прераскаже.

Вардар има два порази во Лигата на шампиони, следната шанса за победа ќе ја има на почетокот на октомври против Висла Плоцк.

ПретходноМеси стигна до 100. гол за Интер Мајами и освои нов трофеј (ВИДЕО)
СледноФлик со лоши вести за Ливаковиќ