Жељко Обрадовиќ со порака: “Само еден живот имаме, ајде да уживаме“!

106
ФОТО:.facebook.com/paobcgr/

Со децении Панатинакос и Олимпијакос водат “војна“ во светот на спортот, посебно во кошарката. Токсичниот однос меѓу двата најголеми и најпопуларни грчки клуба, и во фудбалот и особено во кошарката, трае веќе долго време. Премногу долго.
Ергин Атаман не помогна во оваа смисла, напротив, иако Јоргос Барцокас знаеше и да претерува од време на време. Жељко Обрадовиќ сето ова го гледаше од страна многу години, а сега, кога дојде моментот да се врати на местото на најголемиот успех во неговата кариера, популарниот „Жоц“ ја прифати иницијативата на Барцокас и во интервју за „Новаспорт“ ги повика Грците на еден вид помирување. Или барем смирување на страстите
„Слушајте, во текот на сите овие години, вклучувајќи ги и 13-те што ги поминав тука, но и во периодот во Белград, каде што дербито меѓу Партизан и Црвена Звезда има многу сличности со дуелите меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, секогаш се обидував да го правам токму тоа. И ќе продолжам да се обидувам со сета моја сила. Имам таков однос со Јоргос Барцокас. Тој го кажа тоа, а јас ќе го повторам“, рече Обрадовиќ и додаде:
„Тренерите мора да бидат пример за сите. Нека биде тоа само кошаркарски натпревар. Спорт.“

Потоа продолжи…
„Тие (н.з. Олимпијакос) беа многу добар тим минатата година, како и во сите претходни години. Имаат континуитет како тим со него на клупата. Тоа е огромна предност. Би сакал сите да одат по тој пат. Не само тренерите, туку и играчите. Секој што може да помогне во оваа ситуација е добредојден. Тоа е најдобриот пат“, рече човекот што му донесе на Панатинаикос пет од седумте титули во европските шампионати.
Потоа се врати на атмосферата во грчката кошарка, првенствено на релацијата Атина-Пиреја.
„Да се ​​обидеме да ги смириме луѓето. Со години, грчкото првенство го немаше квалитетот што го има сега, кога имаме уште два силни тима од Солун. Тоа е добро за кошарката. Да разговараме за тоа. Да имаме здрава атмосфера во секоја сала во која одиме. На крајот на краиштата, тоа е само кошарка“, рече Обрадовиќ и додаде:
„Како што секогаш велам, треба да сфатиме дека треба да бидеме здрави и дека имаме само еден живот. Да уживаме во животот, да разговараме за позитивни работи, да ги почитуваме луѓето и да направиме сè што можеме за да му покажеме на светот колку почит имаме еден кон друг.“

Претходно“Марка“ со критики до Жозе: „Зошто ли воопшто дојде во Реал Мадрид?!“
СледноСветската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански”