Скандалозниот екс напаѓач на Вардар има нов клуб… Герсон Родригес е нов член на Зорја

262

Клубот од Украина е нов дом на контроверзниот Герсон Родригес. Сега веќе екс играчот на Вардар по скандалите кои ги направи во Скопје, и беше суспендиран и отпишан од нашиот шампион, реши својата кариера да ја продолжи во Украина.

Напаѓачот е нов играч на тимот на Зорја. Тој од Скопје си замине пред повеќе од еден месец кога Вардар и официјално му го раскина договорот.

Скандалот кој што Родригес го направи на гостувањето кај Струга ТЛ, и суспензијата беа пресудни за неговиот престој во Скопје, кој што беше исклучително краток. Беше доведен како летно засилување, настапи за Вардар во Европа, и на стартот на новиот ПМФЛ шампионат, но поради сериозно орекршување на дисциплината во клубот оправдано неговиот договор беше раскинат.

 

ПретходноИЏЕ ВО БУЗЕТ: ГОЛЕМО ФИНАЛЕ НА ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА РИДСКИ ПАТЕКИ
СледноОва се вика промени во националниот тим: Клоп повика 44 репрезентативци за Лигата на Нации