Евроволеј 26: Познати комплетните двојки за осминафиналето, Македонија го заврши настапот

194
фото: CEV.eu

Познати се сите осминафинални двојки на Европското првенство во одбојка, откако синоќа се одиграа и последните натпреварите во групите А и Ц. Во Торино ќе се играат четири осминафиналиња, а најинтересно е што Србија ќе се соочи со Словенија, додека Италија ќе игра против Данска.

Комплетната програма во Италија ја сочинуваат и дуелите Чешка – Белгија и Грција – Финска. Италија го освои првото место во групата А по драматичната победа над Словенија, додека Словенците завршија втори. Во групата Ц, Белгија го обезбеди првото место, пред Финска, Србија и Данска.

Во Софија, пак, нокаут-фазата ќе ја отворат Полска – Летонија и Германија – Бугарија, додека во вториот ден ќе се играат Франција – Португалија и Украина – Романија. Овие осминафиналиња се на програмата на 19 и 20 септември, додека натпреварите во Торино ќе се играат на 20 и 21 септември.

Осминафинални двојки:

  • Италија – Данска
  • Словенија – Србија
  • Чешка – Белгија
  • Грција – Финска
  • Полска – Летонија
  • Германија – Бугарија
  • Франција – Португалија
  • Украина – Романија

Македонија го заврши настапот на ова Европско првенство со една победа и пласман на 5. место во групата „Б“ во Софија. Во првата фаза европскиот шампионат заврши и за Шведска, Словачка, Израел, Естонија, Холандија, Турција и Швајцарија.

ПретходноТренерот на Интер Мајами нема дилеми: „Златната топка“ мора да ја добие Меси
СледноХаосот во Косово продолжува: Ново откажување од репрезентацијата