До пред две коло се беше некако бајковито во таборот на Шкендија. “Пет од пет“, голема бодовна предност пред конкурентите, посебно пред Врадар. И потоа дојде поразот од Тиквеш дома, па ремито со Арсими во меч во кој тетовци водеа и со 0:2. Само бод од можните шест се освоени и сега лидерот не е така сигурен. Има само +2 пред Струга ТЛ и +3 пред Шкендија Арчиново.
Денеска од 16 часот Шкендија во Гостивар го дочекува залетаниот Башкими со надеж дека ќе зе „извлече“ од мини – кризата.
“Јасно е дека сме во мини – криза, која е нормална за екипи кои долго играат во Европа како Шкендија. Природно е да има замор. Сепак еве шанса денеска да славиме. Го респектираме Башкими, тим кој што во последно време игра одлично, но ако ние бидеме вистинските не би требало да има проблеми за нас“ изјави напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими.
Башкими е во налет. Кумановци на последните два меча, со Скопје и Вардар освои четири бода. И дефинитивно овој Башкими не е оној од пред 2-3 недели.
“Секогаш кога се игра против Шкендија атмосферата е специфична. Се соочуваме со тим кој има шампионски амбиции, квалитетен играчки кадар, но ние бело знаме не истакнуваме. Во овој меч влегуваме да извлечеме позитивен резултат“, истакна играчот на Башкимим, Андри Стафа.















