Суперкуп Евролига: Олимпијакос преку Фенер до финалето

60
ФОТО:.facebook.com/TheEuroLeague/

Олимпијакос се пласира во финалето на Суперкупот на Евролигата!Гигантот од Пиреја го победи Фенербахче со 92:90 на „Етихад Арена“ во Абу Даби во првото полуфинале од мини-турнирот, кој се одржува во ОАЕ.

Везенков помина 22 минути на теренот, постигнувајќи 7 поени, 3 скока и 1 асистенција. Најдобар стрелец за Олимпијакос во полуфиналето на новиот турнир организиран од Евролигата беше Еван Фурние – 19 поени, 1 скок и 2 асистенции за 24 минути на теренот.
За турскиот состав“, Шон Шилдс беше најдобар стрелец со 18 поени, 3 скока и 1 асистенција за нешто помалку од 28 минути игра.
Во финалето на турнирот, кое е во сабота (19 септември), во 19:00 часот, Олимпијакос ќе се соочи со победникот од другото полуфинале, во кое Дубаи игра против Реал Мадрид.

ПретходноПМФЛ: Шкендија им се врати на победите (ВИДЕО)
Следно„Тешко ми беше да го гледам Зверев – 400-ти пати, екстремно“