Баерн е МАШИНА: Кејн со рекорд, Олисе со хет-трик против Унион Берлин! (ВИДЕО)

50
ФОТО:.facebook.com/fcbayern.en

Баерн Минхен – Унион Берлин 7:0 во меч од 4.коло одигран вечерва во Минхен. Уште еднаш “баварците“ покажаа сила. Очекувана победа која ќе ја памети Хари Кејн кој бепше стрелец на два гола, а првиот му донесе рекорд. Имено тој беше негов 100-ти гол во Бундеслигата во 98 меч. Ова е рекорд, ако се знае дека досега најбрзо до 100-тиот гол стигна Дитер Милер на кого му требаа 129 мечеви.

Вечерва, односно овој меч ќе го памети и Мајкл Олисе кој постигна хет-трик, а стрелци беа и Саибари и Мусиала.

Трета победа за Баерн Минхен со гол разлика 14:2 во првите четири кола, јасно е дека нема дилеми кој ќе биде шампион и оваа сезона во Бундеслигата.

ПретходноНестор со два гола за четири минути, ама Славен Белупо во 90+2.минута испушти победа
СледноСедмо место за македонската репрезентација на балканското првенство во Сараево