ВМФЛ: Пелистер го “скрши“ Охрид и сега е лидер, Работнички победнички во Ѓорче (ВИДЕО)

295
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Попладнево се одиграа шест средби од 6.коло во ВМФЛ. Во дербито, кое се одигра во Новацо од познати причини, домашниот Пелистер со 1:0 славеше потив досега непобедливиот Охрид. Стрелец на голот беше Кире Стојанов во 40.минута. Па така сега битолчани со 14 бодови се лидери на табелата со два повеќе од Охрид, но и со меч повеќе.

Работнички пбеднички во Ѓорче. Во градската пресметка на екипи кои некогаш биле шампиони и освојувачи на Купот на Македонија, Работнички како гостин со голот на Кудијан во 74.минута ја победи Македонија ЃП.

Тетекс и Осогово по многу борба одиграа без победник 0:0, додека Новаци како гостин славеше кај Кожув со 0:1 со голот на Драгарски во 65.минута. Камани уште еднаш покажа дека не се шегува, славеше против силниот Детонит со 1:0.

Без голови се играше и на средбата Еуромилк – Беласица.

Утре од 15.45 часот во Струмица, Брера и Шкупи го затвораат ова 6.коло во ВМФЛ.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 6.КОЛО

Еуромилк – Беласица 0:0

Камјани – Детонит 1:0

Кожув – Новаци 0:1

Македонија ЃП – Работнички 0:1

Пелистер – Охрид 1:1

Тетекс – Осогово 0:0

НЕДЕЛА 15.45 ч

Брера – Шкупи

ТАБЕЛА

Пелистер 14, Охрид 12, Брера 10, Беласица 10, Камјани 10, Работнички 9

ПретходноАндреј Темов доминантно го освои Скопје Опен 2026
СледноСамо Брајтон може вака со Арсенал: Потоп на „топчиите“, прв пораз и за Хал Сити (ВИДЕО)