Куманово само полесен тренинг за Алкалоид

85

Уште натпревар со очекуван исход. Во салата „Автокоманда“, Алкалоид на домашен терен го порази Куманово со 37-21 и дојде до третата победа во низа оваа сезона во Супер-лигата.

Дамјан Митев имаше шест гола и беше прв стрелец кај победникт, по пет запиша Петковски, Николов и Тордарсон. Кај Куманово, Наум Костов имаше девет гола од десет обиди, седум од нив од седмерец.

За избраниците на тренерот Кирил Лазаров ова беше само полесен тренинг, силите беа распределни колку што имаше потреба.

Гостите имаа кратки минути во кои можеа да се надигруваат со фаворитот, кој полека, но сигурно ја градеше предност која на одморот изнесуваше 16-9.

Не се промени ништо ниту во второто полувреме, во 47-та минута Алкалоид го запиша првото двоцифрено водство од 27-17, четири минути подоцна со голот на Тордарсон, дојде на плус 13 (30-27). Предноста на Алкалоид отиде и на 37-21, резултат со кој зварши натпреварот.

ПретходноСелта фуриозно против Сантандер
СледноЕвроволеј 26: Германија сензационално ја елиминираше Бугарија, Полска моќно до четвртфинале