ПМФЛ: Скопска пресметка на ФФМ – Вардар против хитот на првенството!

99

Вечерва од 20 часот под светлоста на рефлекторите на ФФМ, во меч од 8.коло во нашата елитна лига, скопска пресметка. Силите ќе ги одмерат Вардар и Шкендија Арачиново. Ова ќе биде нивни прв официјален меч во рамките на ПМФЛ ако се знае дека “гостите“ ја играат дебитантската сезона во нашата елитна лига.

И кога ќе ја погледнете табелата пред вечерашниот меч, сигурно е дека ќе доживеете шок. Вардар е петти со само 11 бодови, а пред него е Шкендија Арачиново со 13 бодови.

И ќе се запрашате, па дали е ова можно? Како еден таков клуб како Вардар, најголем во Македонија, најтрофеен, со буџет од неколку милиони евра, си дозволил тимот од Арачиново да биде пред него на табелата. Ова е шок само за оние што не ги следат настаните во мак – фудбалот, додека другите и тоа како знаат дека проблемот е само во еден човек во ФК Вардар.

Шкендија Арачиново и дефинитивно е хитот во досегашниот дел од сезоната. Составот на тренерот Берат Имери игра како да е со години во елитата. Има добар тим Имери, игра, се што треба за висок пласман, а во текот на изминатите денови од Арачиново се најавува и битка за излез во Европа.

Секако дека вечерва Вардар под водство на “Гроф“ Божовиќ е голем, голем фаворит без разлика на се горе искажано. Па така се освен победа на шампионот ќе биде уште една катастрофа за сите во Вардар. “Гроф“ дебитираше со победа протов Арсими, потоа во Куманово беше надигран од Башкими, но допрва треба да се види дали со неговото доаѓање Вардар ќе тргне во вистински правец, тука мислиме на резултатски план зошто на секој друг план нашиот најтрофеен клуб одамна е тргнат во погрешна насока, и тоа повторно ќе кажеме, поради еден човек.

Во секој случај очекуваме добар меч, интересен, ќе се игра без публика поради настаните од мечот со Арсими и казната за Вардар, но очекуваме и фанатично залагање од страна на гостите како и на секој претходен меч.

Колку за потсетување. Вардар – Шкендија Арачиново вечерва од 20 часот на ФФМ, главен судија ќе биде Доне Ристовски.

ПретходноСкандал ја “тресе“ селекцијата на Швајцарија: Гранит Џака може да “заглави“ во затвор!
СледноЕвропски предизвик за ГРК Тиквеш, двојна програма во Автокоманда