Потресна исповест на некогашниот хрватски репрезентативец: “Се прашував дали има смисла да се живее!“

59
ФОТО:.facebook.com/Hrvatskareprezentacijaofficial/

Зад блескавите рефлектори на најгледаните стадиони во светот, милионските договори и врвните трофеи, често се кријат тешки лични драми за кои навивачите не знаат апсолутно ништо!
Како гостин во емисијата „Кариера во ретровизорот“, поранешниот столб на одбраната на хрватската репрезентација, Дејан Ловрен, реши да го прекине молчењето и целосно да ја отвори душата. Поранешниот ас на Ливерпул ѝ презентираше на јавноста непознати детали за неговата најтешка борба во животот.
Потсетувањето на Ловрен на 2016 година, периодот кога ги доживуваше своите најдобри денови во дресот на англискиот гигант на теренот, додека надвор од него се распаѓаше во битка со депресија и тешки мисли, предизвика најголемо внимание и поплава од емоции.
“Беше исклучително болно време. Проблеми со сопругата, притисок, а има и некои мои сопствени грешки. Но, не можев да ставам залак во уста со денови! Никогаш во животот не сум му го кажал ова на никого, но еве сега го кажувам – имаше утра кога сериозно се прашував дали има смисла да продолжам со животот?! Знам колку е тешко ова и да се каже и да се чуе, но им кажувам на сите што минуваат низ сличен пекол дека не се сами и дека тоа им се случува на многумина“ посочи Ловрен.

ПретходноДенови кои дефинитивно недостигаат: Илјадници фанови, полн плоштад и македонски хеори (ВИДЕО)
СледноЛапорта повторно го напaдна Реал: Кога имаат проблем, го реконструираат теренот и тоа е тоа