Евроволеј 26: Германија сензационално ја елиминираше Бугарија, Полска моќно до четвртфинале

134
фото: CEV,eu

Германија ја совлада Бугарија со 3:2 во фантастичен осминафинален натпревар на Европското првенство во одбојка 2026. Бугарите имаа одличен почеток и поведоа со 2:0, добивајќи ги првите два сета со 25:21 и 25:21. Германија потоа направи голем пресврт, освојувајќи го третиот сет со 25:19, а четвртиот со 25:23. Во решавачкиот петти сет Германците беа посигурни и славеа со 15:12, за конечни 3:2.

Актуелниот светски вицешампион се сопна уште во првата елиминациска рунда и предизвика разочарување кај над 15.000 публика во арената во Софија. Најефикасен кај победникот беше Ерик Рерс со 20 поени, додека Антон Бреме реализираше 14, а Тобијас Бранд 13 поени. Кај Бугарија, Александар Николов, реализираше 23 поени.

Репрезентацијата на Полска без поголеми проблеми се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во одбојка. Актуелниот европски шампион во осминафиналето ја совлада Летонија со убедливи 3:0, по сетови 25:17, 25:16 и 25:16.

За Полска ова е уште еден сигурен чекор кон одбрана на европската титула. Во четвртфиналето, избраниците на Никола Грбиќ ќе играат против Германија.

ПретходноКуманово само полесен тренинг за Алкалоид
СледноПМФЛ полувреме: Шкендија Арачиново му покажува сила на шампионот