Еурофарм Пелистер 2 со прва победа сезонава, ГРК Охрид според очекувањата во Скопје

106
Фото: Еурофарм Пелистер

Дека оваа сезона ќе биде интересна, беше најава денешната пресметка помеѓу Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер, која заврши со победа на гостите (29-30). Ова беше натпревар од третото коло во Супер-лигата, битолчани дојдоа до првата победа, додека пак за скопскиот тим ова беше трет пораз.

На одморот резултатот беше 13-16 во корист на Е.Пелистер 2, но домаќинот иако беше во негатива во 26-та минут аизедначи ан 17-17. Се водеше изедначена битка со тоа што битолчани беа на гол до два позитива.

Давид Трајковски со шест гола беше прв стрелец кај домаќинот каде Стефан Јорданов имаше 10 одбрани, додека на другата страна Кристијан Симоновски имаше осум погодоци, Давид Димевски запиш седум.

На втората средба одиграна во Скопје, ГРК Охрид мина според планот со Бутел Скопје, славеше со 32-41. Победникот беше решен рано, гостите на одморот заминаа со позитива од 14-21. Во вториот дел и двете екипи одиграа на повисоко ниво во нападот, поточно одбраните не беа најдобри и на двете страни.

ПретходноСамо Брајтон може вака со Арсенал: Потоп на „топчиите“, прв пораз и за Хал Сити (ВИДЕО)
СледноАнтиќ беше специјален гостин на „Супер Куп Пријателскиот меч“ на ВТБ лигата