Антиќ беше специјален гостин на „Супер Куп Пријателскиот меч“ на ВТБ лигата

48
фото: vtb-league.com

Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ беше дел од специјалниот „Super Cup Friends Match“, одигран во рамките на ВТБ Суперкупот во Москва. Натпреварот се одржа во „ВТБ Арена“, а Антиќ беше меѓу познатите имиња кои настапија на пријателскиот меч.

Покрај македонскиот кошаркар, во натпреварот учествуваа и НБА шампионот Тимофеј Мозгов, претседателот на Руската кошаркарска федерација Андреј Кириленко, како и повеќе актуелни и поранешни играчи и функционери.

За Антиќ ова беше уште едно појавување на голема меѓународна кошаркарска сцена, овојпат во друштво на големи имиња од европската и светската кошарка.

ПретходноЕурофарм Пелистер 2 со прва победа сезонава, ГРК Охрид според очекувањата во Скопје
СледноРаул жали за натпреварот со Порто