Тотален крах: Тотенхем повторно загуби, овој пат дома од Астон Вила

53
фото: Premier League (X)

Тотенхем продолжува со очајниот старт на сезоната во Премиерлигата, откако денеска на домашен терен загуби од Астон Вила со 3:2.

„Спарси“ тргнаа со серија шанси, но Вила постигна три гола и направи голем чекор кон победата. Тотенхем во финишот постигна два гола, но немаше време за целосен пресврт.

По пет одиграни кола, тимот на Роберто Де Зерби сè уште нема победа и има само два освоени бода. По денешниот пораз, Тотенхем падна во зоната за испаѓање.

Особено загрижувачки е фактот што клубот летово инвестираше околу 420 милиони фунти во засилувања, но резултатите засега не ја оправдуваат огромната инвестиција.

ПретходноЛапорта повторно го напaдна Реал: Кога имаат проблем, го реконструираат теренот и тоа е тоа
СледноХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ