Брера – Шкупи 7:0 е исходот од денешниот меч, последен од 6.коло во ВМФЛ. Јасно беше и пред натпреварот дека струмичани се фавороти, но ретко кој можеше да претпостави дека Брера ќе им даде на чаирчани дури седум голови.
Серијата ја отвори Велков во 4.минута, со тие 1:0 се замина на одмор а во продолжение домашните просто ја скинаа мрежата на гостите. Жоглев со два гола, па исто два постигна Ристов, а стрелаа и Шириќ и Танчев за конечни 7:0.
Еве како сега изгледа табелата по ова 6.коло.
Пелистер 14, Брера (-1) 13, Охрид (-1) 12, Беласица 10, Камјани 10, Работнички (-2) 9…










