Евроволеј 26: Романија направи сензација против Украина, Финска и Франција одат во четврфинале

73
фото: CEV.eu

Репрезентацијата на Романија направи големо изненадување на Европското првенство во одбојка и за првпат во историјата се пласираше во четвртфиналето. Романците во осминафиналето во „Арена Софија“ убедливо ја совладаа Украина со 3:0, по сетови 25:22, 25:21 и 30:28.

Избраниците на Сержиу Станчу одиграа одличен натпревар и не и дозволија на Украина да освои ниту еден сет. Александру Раца беше најефикасен кај победникот со 16 поени, додека Кристијан-Даниел Кицигој додаде 11 поени.

Финска е исто така во четвртфиналето, откако во драматичен осминафинален натпревар ја совлада Грција со 3:2. Грците двапати имаа водство, со 1:0 и 2:1 во сетови, но Финците успеаја да направат голем пресврт. По пет сета резултатот беше 22:25, 26:16, 22:25, 25:23 и 15:13 за Финска.

Браќата Лука и Ноа Мартила беа клучни за победата и заедно освоија дури 42 поени.

Олимпискиот шампион Франција без поголеми проблеми се пласираше во четвртфиналето на Евроволеј 2026. Во осминафиналето Французите ја совладаа Португалија со убедливи 3:0, по сетови 25:21, 25:22 и 25:21. Франција уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите европски репрезентации и повторно стигна до Топ 8 на континенталниот шампионат.

ПретходноЕлези со нов гол ја запечати победата на Сараево
СледноЛапорта до Меси: Те чекаат 105.000 гледачи на “Камп Ноу“, ти самиот одлучи!