Уште една МОТО ГП трка е завршена, а на неа победник е Педро Акоста. Денеска најдобрата мото конкуренција на планетава беше во Австрија каде што Акоста ја забележа првата победа во својата кариера.
Ова можеше и да се предвиди затоа што Акоста уште на почетокот на викендот изгледаше одлично на својот мотоцикл. Возачот на КТМ едноставно беше свој на оваа трка и победата не изненади никого. Иако во спринтот направи грешка и падна при лидерска позиција, овојпат тоа не се случи.
На втората позиција се пласираше Хорхе Мартин, додека пиедесталот го комплетираше Марко Безеки.










