Од ОФС Кочани излегоа со демант по обвинувањата на ММТ Групацијата и најавата дека ќе поднесат кривична пријава. Во центарот се најде и претседателот Александар Андов.
Соопштението на ОФС Кочани ви го пренесуваме во целост.
„По повод соопштението на ММТ Групација и најавата дека (ЌЕ)поднеле кривична пријава“ против ОФС Кочани, сакаме јасно и недвосмислено да порачаме:
Не мора никој да ни се заканува со пријави. Ние први повикуваме надлежните да го проверат организирањето на ОФЛ Кочани. ОФС Кочани нема што да крие. Ќе ја ставиме на располагање целокупната документација со која располагаме во интерес на транспарентноста.
ОФЛ Кочани беше организирана со цел развој на фудбалот и овозможување натпреварување за клубовите од општината. Горди сме што ја организиравме и што лигата функционираше успешно. По трагичната несреќа во Кочани, ОФС Кочани донесе одлука за нејзино официјално поништување, за што навремено беше објавено соопштение и известена матичната федерација.
А кога веќе ММТ Групација го прозива претседстелот на ОФС Кочани Александар Андов, да бидеме јасни:
Ниту нарачани текстови, ниту притисоци, ниту закани со пријави ќе го спречат Александар Андов да поставува прашања од јавен интерес.
Можеби позади овие нарачани текстови се кријат лица поврзани за договорите и тендерите на ММТ Групација и КЈП „Водовод“-Кочани
ОФС-Кочани нема да дозволи дефокус на јавноста напротив ќе продолжи да работи за фудбалот и инфраструктурата на фубалските терени во Општина Кочани“, се вели во демантот на ОФС Кочани:










