Скандалозно: Поради оваа прослава се бара исфрлање на Џексон од фудбалот!(ВИДЕО)

208
ФОТО:printscreen

И тоа како скандалозен потег на напаѓачот на Астон Вила, Николас Џексон. Тој го постигна својот прв гол за новиот клуб проив Тотенхем, но повеќе се говори за тоа што го направи неколку секунди потоа.
Неговата прослава привлече големо внимание. Џексон застана директно пред телевизиските камери, го испружи палецот, потоа го крена и брзо го спушти. После тоа, направи гест со раката, што изгледаше како симулација на сечење глава. Не е познато што Џексон сакаше да каже со овој гест. Следеа бројни реакции на социјалните мрежи. Некои навивачи остро го критикуваа неговиот потег, а некои дури и побараа фудбалерот да биде исклучен од фудбалот. Џексон пристигна во Астон Вила од Челзи ова лето за 55 милиони евра по неуспешна позајмица во Баерн. Тој немаше идеален почеток во својот нов клуб. Тој постигна гол во победата над Клуб Бриж во Лигата на шампионите, но не постигна гол ниту асистираше во своите први три лигашки натпревари. Конечно го врати својот ритам во Премиер лигата против Тотенхем, иако голот беше засенет од контроверзна прослава.

ПретходноВМФЛ: Брера против Шкупи броеше до седум!
СледноАтлетико е ГЛАВЕН во Мадрид: Овој Реал на Мурињо не е тим за титули!