ВМФЛ: Брера против Шкупи броеше до седум!

94
ФОТО:.facebook.com/fkakademijapandev/

Брера – Шкупи 7:0 е исходот од денешниот меч, последен од 6.коло во ВМФЛ. Јасно беше и пред натпреварот дека струмичани се фавороти, но ретко кој можеше да претпостави дека Брера ќе им даде на чаирчани дури седум голови.

Серијата ја отвори Велков во 4.минута, со тие 1:0 се замина на одмор а во продолжение домашните просто ја скинаа мрежата на гостите. Жоглев со два гола, па исто два постигна Ристов, а стрелаа и Шириќ и Танчев за конечни 7:0.

Еве како сега изгледа табелата по ова 6.коло.

Пелистер 14, Брера (-1) 13, Охрид (-1) 12, Беласица 10, Камјани 10, Работнички (-2) 9…

ПретходноФросиноне го изненади и Комо, Парма ја победи Џенова
СледноСкандалозно: Поради оваа прослава се бара исфрлање на Џексон од фудбалот!(ВИДЕО)