Ненад Димитријевиќ уште еднаш покажа дека во наредниот период ќе биде еден од клучните играчи на Арис, ќе биде лидер на тимот на стратегот Спанулис. И денеска, не пријателскиот меч со Миконос, Македонецот одигра одлично во победата на Арис со 80:64. Димитријевиќ беше во игра 20 минути, постигна 9 поени а имаше по два скока и асистенции.
Инаку ова беше меч од турнирот “Мавроскохеја“.
Нашиот најдобар кошаркар на овие подготвителни мечеви покажа дека е во врвна форма во последно време, а тоа го докажа и со настапот за нашата репрезентација.










