Македонскиот репрезентативец Агон Елези продолжува со добри настапи во дресот на Сараево. Вечерва тој се запиша во листата на стрелците во победата над Слога Добој.
Сараево славеше со 2:0 на „Кошево“, а Елези го постигна вториот гол на натпреварот.
Македонецот беше сигурен реализатор од белата точка во 50. минута, откако претходно беше досуден пенал по фаулот врз Шариќ.
За Елези ова беше особено важен момент бидејќи само дваесетина минути претходно постигна гол кој беше поништен поради офсајд.










