За Елмас само 6-7 минути: Јувентус ја “реши“ Аталанта

35
ФОТО:facebook.com/Juventus/

Јувентус пред своите фанови успеа да ја победи Аталанта со 2:0 во меч од 5.коло во Серија А. Веднаш да кажеме дека нашиот Елиф Елмас одново не беше стартер во тимот од Бергамо. Тој влезе во игра во 84.минута кога веќе се беше готово и не успеа со таа мала минутажа било што да направи на гостувањето во Торино.

Инаку Јуве беше далеку подобар тим, имаше игра, се креираа шанси а во водство дојде со голот на Консеисао во 28.минута. Бремер во 77.минута ги разреши сите делими, ако нив вооопшто и ги имаше околу победата на Јуве.

Со овие три бода тимот на Спалети сега е на 6.место на табелата со само -3 бода во однос на водечките Рома, Интер и Лацио.

Додека тимот на Елмас реди порази, ова беше трет во серија за клубот од Бергамо.

Претходно„Пирова“ победа на ГРК Тиквеш за крај на европскиот сон
СледноМурињо на прес се појави со слики од спорни ситуации: Имаше два црвени картони за Атлетико!