Ташовски не запира: Нов гол за победа на Младост (Л) (ВИДЕО)

49

Васил Ташовски продолжува со одличните настапи во српската Суперлига, а денеска постигна нов гол за Младост Лучани. Македонскиот офанзивец беше стрелец на победничкиот гол во триумфот од 2:1 на гостувањето кај Мачва во Шабац.

Ташовски погоди во 83. минута и со тоа го комплетираше пресвртот на гостите, откако Мачва водеше по првото полувреме. За 19-годишниот фудбалер ова е четврти гол сезонава во српското првенство, што е одличен учинок.

ПретходноПобеда и пораз за Работнички против Војводина
СледноЕлези со нов гол ја запечати победата на Сараево