Македонскиот национален тим денеска го има собирот по повод претстојните мечеви во Лигата на Нации против Швајцарија, Словенија, Шкотска…
Селекторот Гоце Седлоски одбра 28 репрезентативци од кои се дел дебитанти. Токму новајлиите први и пристигнаа во репрезентативниот кампус како што е ред, половина час пред закажаниот термин.
Матеј Гаштаров, Ѓорѓе Џеков, Енес Мелиќи, повратникот Марио Младеновски веќе ја задолжија репрезентативната опрема, и се подготвени да дебитираат во А репрезентацијата на Македонија.
До крајот на денот секако дека ќе се приклучат и останатите репрезентативци, во зависност од тоа кој какви клупски обврски имаше викендов.
















