Нашиот Томас Божиноски е дел од големата Бенфика

306

Некогашниот македонски младински репрезентативец голман, Томас Божиноски има нова работна задача. И тоа не било каква и на било какво место. Божиноски преку социјалните мрежи се пофали дека е член на стручниот штаб на една од младинските селекции на големата Бенфика.

Ова секако дека е огромен чекор во младата и очигледно перспективна тренеска кариера на Божиноски кој што во моментов има само 27. години. Сепак, некогаш надежната голманска кариера која што стартуваше во младинскиот погон на Виториа, Академија, Пашош Фереира не отиде во посакуваниот правец и Божиноски не просперираше на највисоко ниво во сениорска конкуренција.

Што се однесува пак до Македонија, тој своевремено, се најде на списокот на тогашниот У21 селектор на Македонија, Благоја Милевски и имаше пет настапи за нашиот национален тим.

ПретходноОбемот на планетата е 40.000 км, а Рафиња за неколку дена ќе мине 35.000 км
СледноБронза за Дејан Георгиевски на Германија Опен Г1 2026