Дебитантите први пристигнаа во националниот табор

228

Македонскиот национален тим денеска го има собирот по повод претстојните мечеви во Лигата на Нации против Швајцарија, Словенија, Шкотска…

Селекторот Гоце Седлоски одбра 28 репрезентативци од кои се дел дебитанти. Токму новајлиите први и пристигнаа во репрезентативниот кампус како што е ред, половина час пред закажаниот термин.

Матеј Гаштаров, Ѓорѓе Џеков, Енес Мелиќи, повратникот Марио Младеновски веќе ја задолжија репрезентативната опрема, и се подготвени да дебитираат во А репрезентацијата на Македонија.

До крајот на денот секако дека ќе се приклучат и останатите репрезентативци, во зависност од тоа кој какви клупски обврски имаше викендов.

ПретходноПотврда за квалитетот: Пројковска ќе го суди мечот Реал Мадрид – ПСЖ во ЛШ!
СледноМЗТ Скопје со нов спонзор во сезоната со три фронта