Струга ТЛ – Арсими 0:0 по првото полувреме од денешниот меч во Струга во рамките на 8.коло во ПМФЛ. Домашниот состав и дефинитивно беше далеку подобар тим. Стружани креирааа повеже шанси, но Диако, Радески и Малески не успеаја да затресат мрежата на тимот од Чегране.
Да, Струга ТЛ постигна гол преку Бојку, но по цели три минути проверка од страна на ВАР истиот беше поништен поради офсајд во која се нашол претходно Малески.
Арсими очигледно е дека во Струга е дојден да не загуби, составот на стратегот на Вилдан Салиу немаше којзнае какви напаѓачки амбиции.
Во секој случај се очекува Струга ТЛ во продолжение од оваа средба уште повеќе да “притисне“ кон голот на Арсими.















