Потврдено: Швајцарија без капитенот доаѓа во Скопје!

110
ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/

Она што се најавуваше, сега веќе е и официјално. Швајцарија во Скопје доаѓа без својот капитен и клучен играч, Гранит Џака. Да потсетиме дека мечот од 1.коло во Лигата на Нации меѓу Македонија и Швајцарија се игра на 26 септември (сабота) во Скопје од 20.45, часот а селекторот на Швајцарците не ќе може да смета на својот капитен.

Швајцарската фудбалска репрезентација ќе мора да ги одигра следните четири натпревари во Лигата на нации без својот капитен, Гранит Џака. Причина за тоа се наводите дека тој користел фалсификуван ковид-сертификат.
Се тврди дека Џака користел фалсификуван сертификат за КОВИД-19 во 2022 година. Јавното обвинителство во Луцерн го истражува случајот. Важи претпоставката за невиност. Сепак, Швајцарската фудбалска асоцијација и Џака одлучија тој да не се појави на тренинг-кампот во Белек овој понеделник.

ПретходноАлкалоид, ГРК Охрид и Бутел ги чекаат противниците во ЕХФ Европскиот Куп
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Б.Б. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 5.631.929 денари