Алкалоид, Охрид и Бутел ги добија ривалите во ЕХФ Европскиот куп

535

Македонските претставници во ЕХФ Европскиот куп, денеска во Виена ги добија противниците за натпреварите во новата сезона од ова европско натпреварување. Бранителот на трофејот во ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид на патот кон одбраната на трофејот тргнува против турскиот Спор Тото.

Првиот натпревар ќе се одигра во Охрид на 17 или 18 октомври, додека реваншот е закажан за 24 или 25 октомври во Турција.

Екипата на Алкалоид за ривал во ова натпреварување го доби австриски Ферлах. За постетување Кирил Лазаров и неговите избраници се првиот македонски тим кој го освои ова натпреварување.

На ждрепката во Виена, екипата на Бутел Скопје за противник ја доби хрватската екипа Горица. За Бутел ова ќе биде петти европски настап, а трет во ЕХФ Европскиот куп.

ПретходноСуперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезона
СледноПознат е „возниот ред“ на МЗТ Скопје во ФИБА Европа купот