Влаховиќ нема да игра за Србија

118

Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Душан Влаховиќ, доживеа повреда поради која нема да може да му помогне на националниот тим во предстојните натпревари од Лигата на нации. Напаѓачот на турскиот гигант Бешикташ се пожалил на повреда по последниот првенствен натпревар против Амедспор.

И покрај тоа што ги одигра сите 90 минути на тој меч и неодамна влезе во добра голгетерска форма, медицинските прегледи потврдија дека тој мора да отсуствува.
Ова претставува сериозен удар за селекторот Вељко Пауновиќ, особено со оглед на неговата актуелна форма и постигнатите голови.

Влаховиќ ќе ги пропушти престојните четири натпревари на „орлите“ против селекциите на Грција, Холандија и Германија.

ПретходноФеномен: Карпата на која се сликаше Салах стана туристичка атракција во Турција
СледноИнтересно: Букираните хотели во Сент Гален ја “избркаа“ Швајцарија на подготовки во Белек (Турција)