Ете, и тоа го има кога станува збор за селекцијата на Швајцарија со која на 26 септември (сабота) ја отвараме Б-Лигата на Нации во Скопје. Имено од вчера селекторот Мурат Јакин и неговите избраници се на подготовки во Белек (Турција). Место кое е “епицентар“ на наши клубови, ама за зимски подготовки.
Како што посочи Јакин тој е воодушевен од условите кои ги има неговата експедиција, на располагање му се два терени а самиот хотел е екстра класа.
„Квалитетот на инфраструктурата е многу важен. Објектите се од врвна класа, а ако нешто не е во ред, постојат 100 други опции. Турција го има сè она што би можеле да го посакаме“, се зборовите на Јакин.
Единствената домашна алтернатива што Сојузот би ја разгледал бил градот Сент Гален.
„Но, овој пат, сите хотели во регионот беа целосно резервирани поради саеми“, рече Јакин.
Ете тоа било причината Јакин да се одлучи подготовките за мечот со Македонија да бидат одработени во Турција.
Колку за потсетување. Мечот меѓу Македонија и Швајцарија, од 1.коло во Б-Лигата на Нации од групата 1, се игра на 26.09.2006 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот. Во нашата група се уште и Словенија и Шкотска.










