Тренерот на Струга ТЛ по тие 6:0 со Арсими: Задоволен сум од победата, можеше да биде и поубедлива

35

Стратегот на Струга ТЛ, Бледи Шкемби не го криеше своето задоволство од вчерашната победа против Арсими од 6:0. Интересно, тој напомена дека него повеќе му се допаднало првото полувреме во кое неговиот тим не постигна гол. Кажа дека иако неговиот тим постигнал шест голови, сепак таа победа можела да биде поубедлива. Коментираше и за битката за титулата, кажа дека се надева дека Струга ТЛ нема да ја повтори грешката од минатата сезона. Секако дека имаше свој став за тоа како минаа овие осум кола од аспект на Струга ТЛ:

Победа со 6 гола разлика, верувам дека ја заслуживме. Требаше да постигнеме гол во првото полувреме, но не успеавме да ги искористиме моментите како што треба. Малку среќа во второто полувреме со грешката на противничкиот голман, но мислам дека целосно ја заслуживме победата.“ – рече тренерот Бледи Шкемби, кој и покрај тоа што не постигна гол во првото полувреме, вели дека му се допаднал начинот на кој се играше играта, бидејќи играчите педантно ги извршија сите задачи дадени пред почетокот на натпреварот.
„Во однос на начинот на кој се играше натпреварот, мене лично најмногу ми се допадна првото полувреме, бидејќи бевме многу доминантни на теренот и игравме онака како што се подготвивме.“ – изјави Шкемби, кој генерално вели дека е задоволен од освоените бодови во овие први 8 недели, иако всушност тимот можеше да има и некои дополнителни бодови, тука се мисли од гостувањата.

„Имаме пораз…!! Сепак, можам да кажам дека сум задоволен од тимот во овие 8 недели од првенството. Би сакале да имаме уште неколку бодови, но не го постигнавме тоа. Од начинот на кој игравме, мислам дека доминиравме над противниците. Втората позиција е позитивна, но првенството е долго и сакаме да го направиме најдоброто на крајот од првенството.“ – продолжи со својата изјава тренерот Шкемби, кој ја поздравува репрезентативната пауза за да го одмори персоналот, но и играчите на кои им е потребна мини пауза:

Секако, на сите ни е потребна малку подолга пауза, па играчите ја заслужуваат.“
Бледи Шкемби гледа 3-4 екипи во конкуренција за шампионската титула оваа сезона, вклучувајќи го и Струга Трим Лум. Сепак, за да се постигне конечната цел до крајот, тој смета дека не смеат да се повторат грешките од минатата сезона.
„Свесни сме дека не смееме да ја направиме грешката од минатата година, каде што долго време бевме во борба за титулата и на крајот направивме повеќе грешки отколку што беше потребно“ заклучи Шкемби.

ПретходноРеал Мадрид со соопштение: “Кралевите“ бараат разрешување на првиот човек на Ла Лига!(ФОТО)
СледноНено повторно одличен, Арис со пораз на последната контрола