Сагата продолжува: Џака го призна фалсификатот, ама докторката вели дека правилно го вакцинирала и дека документот е валиден!

208
ФОТО:facebook.com/Swiss.Nati.Men/

Навистина што се случува во врска со случајот “Гранит Џака“. Тој вчера признал за фалсификуваниот документ, но попладнево си јавна изјава сето тоа го демантира докторката Андреа Л, за весникот “Блик“.

Во понеделникот, Гранит Џака го потврди она за што медиумите шпекулираа со денови. Капитенот на швајцарската репрезентација во 2022 година се стекнал со лажна потврда за вакцинација.
„Чувствував длабока недоверба кон вакцината и бев обземен од страв и неизвесност. Во таа состојба на емоционална вознемиреност, купив потврда за вакцинација наместо да барам одговори на моите прашања преку соодветните канали. Денес јасно гледам дека тоа не беше правилниот потег. Тоа беше грешка. Жал ми е“, пишува Џака во својата изјава.
Но, сега се огласи и надлежната докторка од Луцерн – и таа ја побива верзијата на Џака.

Го вакцинирав Џака правилно“, вели Андреа Л. за весникот “Blick“, тврдејќи дека потврдата што ја издала е валидна.
Таа исто така објаснува дека, бидејќи Џака прележал ковид-19 на почетокот на 2021 година, му била потребна само една доза вакцина за да добие потврда:

Бидејќи веќе имаше антитела, првата вакцинација беше наменета како засилувачка доза (бустер)“.
Настаните од изминатите неколку дена беа „изненадувачки, а воедно и стресни“ за Андреа Л., признава таа.

Се надевам дека целата ситуација наскоро позитивно ќе се разреши“. Гласината за затворање на нејзината ординација е исто така лажна:

Сè уште сум тука за моите пациенти; ординацијата, се разбира, е отворена“.

И дефинитивно сагата продолжува. Којзнае што е вистината.

ПретходноНено повторно одличен, Арис со пораз на последната контрола
СледноПроблеми за Зидан: Мбапе не тренира!(ВИДЕО)