Швајцарија без пола тим, нема да имаат тренинг во Скопје!

332

Не е само Гранит Џака проблем во составот на Швајцарија пред стартот на новото издание од Лигата на нации. Капитенот на нашиот саботен ривал е во центарот на медициски скандал од пред 4 години и сега се соочува со снакции од државните органи поради користење на лажен сертификат за Ковид 19. Тој е во аут и нема да игра во овој квалификациски прозорец од групата во која се уште и селекциите на Словенија и Шкотска.

Селекторот Мурат Јакин за дуелот во сабота во Скопје нема да смета и на најдобриот офанзивен играч – Брил Емболо кој ќе биде со тимот во Македонија но нема право за настап поради црвениот картон кој го доби на последниот дуел на неговата селекција на мундијалот.
Од тимот кој настапи на СП протов Македнија ќе го нема Ноа Окофор кој е во кавга со селекторот Јакин, голманот Јан Зомер најави репрезентативна пензија додека стандардните првотимци Денис Закарија и Рубен Варгас не се во комбинација поради повреда.

Селекцијата на Швајцарија се собра и тренира во Анталија и од таму во петок ќе слета во Скопје. Програмата најавива дека составот на нашиот ривал ќе оди директно во хотел, ќе преспие и другиот ден на натпревар и потоа веднаш заминува за Швајцарија. Нема да имаат тренинг фудбалерите на Јакин во Скопје затоа што во Анталија ќе имаат тренинг во петок и потоа полетуваат за Македонија.

Ваквите незгодни моменти и проблеми со кои се соочува Швајцарија ги зголемуваат шансите за нашиот национален тим за поволен резултат. Во ваков циклус и со ваков „ранет“ ривал треба да се нападнат и трите бода. Лигата на нации е шансата за Македонија!

ПретходноМакедонија У17 на двомеч со Луксембург
СледноИвановски ја мина првата пречка на ИТФ турнирот во Пардубице