Искусниот македонски фудбалски стратег, Јетом Беќири, и официјално го започна својот мандат во тимот на Габала од Азербејџан.
Тој пред неколку дена и официјално беше промовиран како нов стратег на тимот, а сега и започна со работа во екипата.
Беќири како што е добро познато, беше дел од огромните успеси на тимот на Шкендија изминатиот период, европската авантура и историските победи надвор од границите на Македонија.
Сега очигледно е време да се испроба и на меѓународна сцена како стратег, а Габала е сериозен предизвик секако.
Беќири ќе има официјално деби на гости против Сумгаит на 10 октомври, а потоа има дуел на домашен терен со шампионот Сабах.










