Дитмир Хоџа со деби за Лидс го исфрли Барнсли во Купот

126

Свое деби за тимот на Лидс до 23 години го имаше и македонскиот млад талент Дитмир Хоџа. Овој 18 годишен голгетер настапи за својата екипа во Купот на Англија во меч на кој неговиот Лидс како гостин славеше со неверојатни 3:4 како гостин на некогашниот премиерлигаш Барнсли.

Младиот фудбалер од Струга во август потпиша за екипата на Лидс кога и беше приклучен во тимот до 23 години а вчера тој настапи од 76 минута.

Ова е одлична информација за нашиот талент пред неговиот пат за Македонија и пред неговото деби за репрезентацијата до 21 година која идната недела има тест со Русија а потоа и квалификациски дуели со Црна Гора во Битола и против Шведска на гости.

ПретходноШвајцарија ќе не нападне со двајца „нашинци“
СледноМакедонија У17 на двомеч со Луксембург