Фудбалската федерација на Македонија вечерва официјално го промовираше новиот дрес на македонската репрезентација, а настанот привлече голем број навивачи. Новата опрема, која е изработена во соработка со „Адидас“, го задржува препознатливиот изглед.
Посебно внимание предизвика присуството на дел од репрезентативците. Енис Барди, Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Бојан Миовски се дружеа со фановите, се фотографираа, делеа автограми и разговараа со најмладите љубители на македонскиот фудбал.










