Кога ќе се победи со 6:0 а ти ќе дадеш три гола и тоа против еден така цврст противник како што е Ренов, тогаш нема дилеми дека ти си играч на ова 8.коло. Се разбира дека тука мислиме на Марјан Радески кој едноставно го растури Арсими и со хет – трик просто кажано го “поздрави“ тимот на Чегране.
Значи нема никакви дилеми дека, некогашниот репрезентативец и еден од клучните играчи на Струга ТЛ е играч на ова 8.коло.
Покрај него во идеалниот тим се и Фал, Бојку и Шабани од Струга ТЛ, потоа Трумчи, Криезиу и Тамба (Шкендија), Стевковски и Рамадани (Тиквеш), Глигоров (Брегалница), Закариќ (Вардар).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАРЈАН РАДЕСКИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 10.02.1995 во Прилеп
Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера, Шкупи, Пјуник, Струга ТЛ















