Вчера во Баку во пријателски натпревар, Азербејџан со 1.0 го совлада “македонскиот“ Таџикистан. Велиме “македонскиот“ со оглед на тоа дека на селектор на оваа репрезентација е некогашниот предводник на селекцијата на Македонија, Игор Ангеловски Мрме, а негови помошници се Милан Илиевски и Иван Јовановски.
По средбата Мрме заедно со своите соработници, имаше средба или кафе – муабет со легендарниот голман на Вардар, Муарем Зекир, кој сега во Азербејџан работи како тренер на голмани во младинската екипа на Карабах, каде е со години.
Јасно е дека темата беше фудбалот, а што може да биде друго кога на една маса се фудбалски луѓе.










