ТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Радески со хет-трик го “поздрави“ Арсими

62

Кога ќе се победи со 6:0 а ти ќе дадеш три гола и тоа против еден така цврст противник како што е Ренов, тогаш нема дилеми дека ти си играч на ова 8.коло. Се разбира дека тука мислиме на Марјан Радески кој едноставно го растури Арсими и со хет – трик просто кажано го “поздрави“ тимот на Чегране.

Значи нема никакви дилеми дека, некогашниот репрезентативец и еден од клучните играчи на Струга ТЛ е играч на ова 8.коло.

Покрај него во идеалниот тим се и Фал, Бојку и Шабани од Струга ТЛ, потоа Трумчи, Криезиу и Тамба (Шкендија), Стевковски и Рамадани (Тиквеш), Глигоров (Брегалница), Закариќ (Вардар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 10.02.1995 во Прилеп

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера, Шкупи, Пјуник, Струга ТЛ

ПретходноГРК Охрид двапати ќе биде домаќин против Спорт Тото
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)