Џеков: Клучни ќе бидат дефанзивата, агресивноста и пристапот против Швајцарија

45
ФОТО:FFM.MK

Македонската А репрезентација во сабота, 26 септември, на домашен терен го отвора новиот циклус во Лига Б против Швајцарија. По дуелот во Скопје, избраниците на Гоце Седлоски ги очекуваат уште три натпревари во краток временски период, гостувањето кај Словенија на 29 септември, домашниот дуел со Шкотска на 3 октомври и вториот натпревар против Швајцарија, на 6 октомври во Луцерн.

За Ѓорге Џеков, претстојниот период има посебно значење. Младиот фудбалер за првпат е дел од сениорската репрезентација и со голема мотивација го очекува своето деби во националниот тим.

Чест и задоволство ми е што првпат сум дел од нашата А репрезентација. Знаеме со каков противник ќе се соочиме во сабота. Швајцарија е одлична репрезентација, четвртфиналист на Светското првенство, со многу квалитетни играчи“, вели Џеков.

Македонскиот репрезентативец очекува тежок натпревар, но верува дека со максимален ангажман и дисциплинирана игра може да се стигне до позитивен резултат.

На нас е да ги исполниме очекувањата на стручниот штаб и да го дадеме максимумот на теренот. Според мене, клучни ќе бидат дефанзивата, агресивноста и пристапот во играта, за да оствариме позитивен резултат против Швајцарија, но и против останатите селекции“, истакнува Џеков.

Првиот предизвик е веќе во сабота на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде Македонија ќе има можност со добар резултат да го започне настапот во новиот циклус од Лигата на нации.

ПретходноАнгеловски со своите помошници на кафе – муабет со легендарниот голман на Вардар
СледноСтартува Лигата на Нации: Дуел на гигантите – Холандија VS Германија