Лига Нации: Зидан денеска ќе го има своето деби, “новата“ Италија против Белгија

56
ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Вечерва продолжуваат возбудувањата од 1.коло во Лигата на Нации. Секако дека најинтересно ќе биде во Коџаели каде домашната селекција на Турција ќе ја пречека Франција. За гостите своето деби како селектор ќе го има Зинедин Зидан. Главното прашање во светот на фудбалот е што може Зизу како предводник на селекција со мега – ѕвезди, како ќе се снајде со сиот тој егоизам на Мбапе, Дембеле, Олисе и останатите. Исто така интересно ќе биде да се види Турција по дебаклот на СП ова лето.

“Новата“ Италија против Белгија. Меч кој со нетрпение се очекува од аспект на тоа како ќе изгледа Италија на повратникот на клупата Роберто Манчини.

Ова се мечеви од А Лигата на Нации. Во Б Лигата на Нации се среќаваат Полска – БиХ, Шведска – Романија, Унгарија – Украина и Грузија – С.Ирска, додека во Ц Лигата на Нации играат Црна Гора – Кипар и Ерменија – Летонија.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

А Лига Нации – 20.45 ч

Италија – Белгија

Турција – Франција

Б Лига Нации – 20.45 ч

Полска – БиХ

Шведска – Романија

Унгарија – Украина

Грузија – С.Ирска (18 ч)

Ц Лига Нации – 20:45 ч

Црна Гора – Кипар

Ерменија – Летонија (18 ч)

ПретходноТолку од Муарем Муарем како тренер на Скопје
СледноМакедонска кик бокс историја: Глигор Николов е светски првак, Калин Бабоски во битка за златен медал