Прв пораз за Македонија, Црна Гора со прва победа во Охрид

94

Македонската женска ракометна репрезентација го запиша првиот пораз на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“, кој се одржува во Охрид. Избраничките на селекторот, Игор Марковиќ беа совладани од Црна Гора со 23-29 (9-15).

Прв стрелец во нашите редови и овој пат беше Сара Ристовска со осум гола, седум од нив од пенал.

Црна Гора во првото полувреме покажа зошто е фаворит, одигра добра одбрана, на нашите ракометарки им дозволи да постигнат само девет гола. До осмата минута нашата репрезентација беше егал (3-3), по двете пропуштено шанси за прво водство, противникот казни со серија од 5-0 за 3-8 после средината на првото полувреме. Ристовска го прекина слабиот офанзивен дел во нашите редови, Македонија реализираше после десет минути (4-9). Тешко беше да се надокнади негативата, но Македонија заигра многу подобро, под водство на капитенот дојде на 8-11 во 25-та минута. Во овој период селекторот Игор Марковиќ играше „седум на шест“, игра која донесе и негативни страни, Црна Гора поведе со плсу шест (8-14), позитива со која замина на одморот (9-15).

Два гола на Јанеска на стартот на второто полувреме и одбрана на Петковска за 11-15 во 34-тата минута. Марковиќ во вториот дел направи промени во составот, кои пак не вродија плод, Македонија пред стартот на 40-тата минута имаше негатива од седум гола (12-19). Нашите девојки не се откажаа, иако речиси беше невозможно да приредат целосен пресврт.

Ова е и прв пораз на Игор Марковиќ како селектор на нашата репрезентација.

Црна дамка на мечот останува незгодната повреда Ана Марија Коларовска пред самиот финиш на мечот.

Македонија утре игра против Хрватска, мечот стартува во 19 часот и ќе биде за второто место на турнирот.

ПретходноПолска ја декласира Словенија и се пласира во финалето на ЕП
СледноЈакин: Знаеме што може Македонија, но добро знаеме што можеме ние