Избраниците на Гоце Седлоски вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, го одработија последниот тренинг пред утрешниот дуел со Швајцарија. Врнежливо време, не така топло како што беше пред некој еден, едноставно се чини ова како да беа швајцарски услови за тренинг на Македонија.
Јасно е на утрешниот меч кој е фаворит, сепак јасно е дека Македонија утре против силната Швајцарија треба да покаже дека располага со квалитет. Потребна е голема борба, оптимизмот е тука, па ќе видиме утре некаде пред 23 часот каков ќе биде исходот од првиот меч во Б Лигата на Нации на Македонија.













