Ракометен празник во Струга: Најмладите во друштво на Лекиќ, Танкоски, Ојлески и Гулицоска (ФОТО)

27
Фото: РФМ

Ракометната федерација на Македонија одржа уште еден „караван“, овој пат центарот беше спортската сала „Тими“ во Струга која беше исполнета со детски насмевки, позитивна енергија и љубов кон ракометот.

Најмладите имаа можност да се дружат, да учат и одблиску да ја почувствуваат магијата на ракометната игра.

Дел од караванот беа Марио Танкоски, Гоце Ојлески и Теодора Гулицоска, а посебно изненадување за најмладите беше специјалната гостинка Андреа Лекиќ, една од најголемите ракометни ѕвезди во регионот и најдобра ракометарка во светот за 2013 година.

„Уште една прекрасна ракометна дружба и уште една успешна станица на Ракометниот караван“, порачаа од РФМ. 

ПретходноСити пред огромен проблем…. виновен е за кршење на финансиските правила
СледноБразил се спаси од пораз од Австралија во последните секунди