Како Пелистер, така и Охрид вечерва во меч од 4.коло во нашата елитна ракометна лига. Охриѓани дома славеа со 34:18 против составот на Прилеп, тим кој едноставно немаше никаква шанса да дојде до нешто подобар резултат.
Гостите освен тие 0:1, со што беше отворен резултатот во нивна корист, беа само спаринг – партнер на големиот фаворит на овој меч во „Билјанини Извори“ во Охрид.
Првото полувреме заврши со резултат 18:9, а во продолжение од средбата, во таа втора фаза домашниот состав и натаму инсистираше на гол повеќе, но треба да се напомене дека тренерот Борис Ројевиќ и тоа како комбинираше со составот, откако се виде кој е кој на овој меч.
На крајот убедлива победа од +16 голови разлика. Трета победа на претендентот за највисок пласман кој досега во овие четири кола има само едно реми и три победи.
Ѓукиќ со осум голови беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај гостите Марковски со 4 голови.










