Ивица Обрван и Хрватска со прва победа на „Трофеј Македонија“

37

Хрватската репрезентација ја запиша првата победа на „Трофеј Македонија“, откако ја совлада Србија со убедливи 28-15 (13-9). Поранешниот селекторот на Македонија, Ивица Обрван и неговиот тим утре ќе ги одмерат силите токму против нашиот национален состав. После оваа средба имаат скор од победа и реми.

Ова беше меч во кој противникот беше познат уште на стартот иако првите 15 минути минаа во знакот на Србија. Некаде после 15-тата минута, Хрватска фати залет, со серија од 5-1 поведе со 12-8. И после одморот не се промени ништо, во 41-та минута Хрватска поведе со двоцифрени 21-11 и ја најави победата.

После оваа средба следи натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора, и двете репрезентации стартуваа со победи, па тимот што ќе извојува триумф ќе биде на чекор до трофејот. Мечот стартува во 17:30 часот, влезот во СЦ „Билјанини извори“ е слободен.

ПретходноМакедонска кик бокс историја: Глигор Николов е светски првак, Калин Бабоски во битка за златен медал
СледноСити пред огромен проблем…. виновен е за кршење на финансиските правила