Ракометната федерација на Македонија одржа уште еден „караван“, овој пат центарот беше спортската сала „Тими“ во Струга која беше исполнета со детски насмевки, позитивна енергија и љубов кон ракометот.
Најмладите имаа можност да се дружат, да учат и одблиску да ја почувствуваат магијата на ракометната игра.
Дел од караванот беа Марио Танкоски, Гоце Ојлески и Теодора Гулицоска, а посебно изненадување за најмладите беше специјалната гостинка Андреа Лекиќ, една од најголемите ракометни ѕвезди во регионот и најдобра ракометарка во светот за 2013 година.
„Уште една прекрасна ракометна дружба и уште една успешна станица на Ракометниот караван“, порачаа од РФМ.










